петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 72 ново

Сообраќајка кај Штип: Возачот не застанал, пешакот починал на лице место

На магистралниот пат А-3 Велес – Штип кај клучката за село Каратманово, вчера околу 23,15 часот се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Пежо 406“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.М. (33) од Струмица удрило во пешак Т.Ј. (57) од велешкото село Мамутчево, при што истиот починал на лице место, а возачот не застанал туку продолжил кон Секторот за внатрешни работи – Велес, каде го пријавил случајот.

Увид извршила екипа од Полициската станица – Св.Николе, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција. О.М. е приведен во полициска станица, а неговото возило се наоѓа во кругот на Секторот за внатрешни работи-Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top