понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 50 ново

Во оваа земја 24 години водата, струјата, горивото и гасот биле бесплатни! – Денес тоа е минато

Жителите на Туркменистан од 1993. година донела закон поради кој жителите уживаат во бесплатната струја, вода и гас. Оваа година претседателот на Туркменистан, Курбанкли Бердумухамедов го потпишал законот со кој се укинува бесплатната употреба на водата, струјата и гасот.
Граѓаните на Туркменистан уживаа додека бесплатно ги употребувале водата, струјата и гаста и тоа од 1993. година.
– Го потпишав законот со кој е донесена одлука граѓаните на Туркменистан да плаќаат за вода, струја и гас – рекол претседателот.
Тој наведил дека Владата долго расправала за нови мерки и за воведувањето на тарифа која постепено ќе почне да се применува.
Досега, секој поединец имал право на 35. kW струја и 50. метри кубни за гас месечно како и 250. литри вода дневно. До 2014. година сопствениците на автомобили добивале месечно по 120. литри гориво бесплатно.
Според новиот закон, граѓаните од 1. ноември ќе ги плаќаат овие услуги од својот џеб, доколку го надминат лимитот кој е дозволен од 1993. година.
Оваа мерка била предвидена да трае 10. години, но продолжена е до 2030. година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top