понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Билансот на жртвите од пожарите во Калифорнија достигна до 36

Во пожарите што ја зафатија Калифорнија досега загинаа најмалку 36 лица, а над 200 лица се водат како исчезнати. При огнената стихија, евакуирани се 90.000 лица, а најмалку 5.700 објекти се уништени. Повеќе од 9.000 пожарникари, со над 1.000 пожарникарски возила, како и авиони и хеликоптери, се обидуваат да ги изгаснат 17-те големи пожари во северниот дел на Калифорнија.

Властите соопштија дека на одредени места се изгаснати огнените пламени, но работата на пожарникарите е отежната поради силните ветрови кои достигнуваат брзина од 72 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top