понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Пожар: Изгоре куќа во Кавадарци

Изгоре дел од куќа во пожар кој избувна попладнево во Кавадарци. Во пожарот нема повредени лица. Командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информираше дека пожарот е изгаснат, оти било реагирано на време и не било дозволено тој да ја зафати целата куќа.

Нагласи дека запалениот објект бил на тешко пристапен терен, а дополнителен проблем претставувале непрописно паркираните возила наоколу.

Top