вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 118 ново

Вработените и купувачите лежеле на земја – филмска кражба во скопска продавница

Грабеж како на филмовите во една скопска продавница, купувачите лежеле на земја. Според информациите на полицијата, вчераво 21.17 часот во Единица за информации и команда Скопје било пријавено дека во продавница на ул. „Бранислав Нушиќ“ три непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработените.

Сторителите со закана со пиштол на вработените и купувачите им наредиле на легнат на земја, по што одзеле околу 50.000 денари од дневниот промет и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top