сабота, 16 декември 2017 | Вести денес: 31 ново

Пукање на митингот на ДУИ

Истрели за време на митингот на ДУИ. Вчера  во 20.50 часот во с.Пласница, при одржување на јавен собир во организација на политичка партија ДУИ, односно во формирана колона од возила која се движела од с.Лисичани низ с.Преглово кон с.Пласница, кога пристигнале во близина на штабот на ДУИ, кој се наоѓа на сред село, од колоната на возила во движење биле испукани неколку куршуми од огнено оружје најверојатно пиштол.

Истиот ден, околу 20.00 часот во с.Лисичани, додека се одржувал јавен собир на кој говорел градоначалникот на с.Пласница, непознато лице испукало неколку истрели од огнено оружје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top