понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Пронајден нов ДНК на телото на Јелена, наскоро ќе има апсење-ја убиле тројца мажи!

Јелена Марјановиќ на 3 април 2016 година е пронајдена мртва, со смачкана глава, во канал покрај насипот во Борча. Со обдукацијата е утврдено дека е убиена еден ден порано со 34 удари во глава. Зоран Марјановиќ на 15 септември, после 17 месеци истрага е уапсен поради сомнеж дека ја убил сопругата и се наоѓа во притвор.

Истрагата сепак покажува дека убиството го направиле, не еден туку тројца мажи. До овој заклучок дошле полициските инспектори и форензичари анагажирани во истрагата, откако на телото на Јелена пронашле траги од ДНК на тројца мажи. Ова е воедна и најголема тајна која полицијата и обвинителството успешно ја кријат повеќе од 1,5 година.

Една трага пронајдена на местото на злосторството припаѓа на мажот на Јелена, Зоран, другата трага припаѓа на маж чиј идентитет дури неодамна е утвррден, и тој наскоро би требало да биде уапсен, а третата трага припаѓа на засега непознат маж.

Изворот на истрагата открива дека трагите на ДНК на тројцата мажи најдени се на телото на Јелена, на нејзината долна облека, нејзината разнесена глава, но и на трската  во каналот покрај насипот во Борча каде на 3 април 2016 година е пронајдено укажаното тело на убиената пејачка, пренесуваат белградските медиуми.

-Иако Зоран засега е единствен осомничен за убиството на сопругата, сите докази укажуваат на тоа дека делото не го направил сам. Имено само на основа на ДНК трагите не може со сигурност да се утврди кој од нив тројцата ја усмртил, но со сигурност сите учествувале во отфрлање на телото во каналот покрај насипот и во прикрвање на доказите. Истрагата уште трае и ќе има многу изненадувања- вели извор од истрагата.

 

Top