понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Захариев: Завршивме 450 проеки кои го променија животот во Штип

Кога ми ја дадовте поддршката пред 4 години, ветивме многу проекти, ветивме нов Штип, изграден, модерен, зелен, чист град. Веднаш наредниот ден после победата почнавме со работење. Ветивме 124 проеки и завршивме 450 проеки кои ни го променија животот во секоја улица, во секоја населба, во целиот град, истакна кандидатот за градоначалник на општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Илчо Захариев.
-Резултатот е познат, ме знаете повеќе од 35 години како се вложувам за сите вас. Претстои нов 4-годишен мандат и јас сум убеден дека ќе ја дадете вашата поддршка, пред се заради мојата реална програма која е направена на вашите предлози, која е последица и резултат од моите разговори со вас. Програмата е остварлива, имаме добри проекти и верувам дека тие проекти конечно ќе заокружат нешто што го започнавме во минатиот мандат.
Нашите политички конкуренти, додаде тој, во недостаток на политички идеи, во состојба на безидејност во оваа кампања се служеа со лаги и клевети.

-Вие ќе одлучите дали на 15 октомври ќе ја дадете поддршката на искуството, работливоста, знаењето и посветеноста или на лаги, клевети и црна кампања.

Top