сабота, 16 декември 2017 | Вести денес: 30 ново

На полноќ затвора повикот за учество на четвртото издание на Саемот за современа уметност „Паратисима Скопје“

„Концепт 37“ и „Паратисима Скопје“ започнуваат со серијата колаборативни настани на кои ќе се презентираат делата на домашните уметници. Настаните ќе опфаќаат изложби од полињата на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот, како и работилници на различни теми.

Серијата на настани се отвора денес во 20:30 часот со изложбата на фотографии наречена „Интровертност“ од Влатко Деков.

– Денешниот свет ги фаворизира екстровертните луѓе. Креиран е според нивни норми и воопшто не е сензитивен за луѓето кои не се гласни, кои не зборуваат со секого за своите чувства, кои не се експонираат во јавноста, за луѓето кои најпрво чувствуваат, а потоа преземаат акции. „Интровертните луѓе“, е темата на оваа серија фотографии настаната летото 2016-та и 2017-та, во ретките моменти кога и самиот сум се идентификувал како инторвертна личност. Станува збор за мал личен придонес во претставување на светот на интровертните луѓе, фотографии снимени во неколку европски градови, но претежно на португалските плажи, некаде помеѓу Лисабон и Порто. Светот не е едноличен. Светот се чувствува и на друг начин – Влатко Деков.

Изложбата ќе биде отвореназа посетители во арт-кафето „Концепт 37“ до 23. октомври.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top