сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

Се ближи крајот на истрагата: Приватна детективка која работела на случајот Марјановиќ открила се

Катарина Остојиќ,приватна детективка од Белград, влегува во реалното шоу „Парови“, за да ја открие вистината за убиството на Јелена Крсмановиќ.

-Ќе ви раскажам како ги запознав Зоран и Зорица Марјановиќ и ќе ви го откријам нивното вистинско лице, како и тоа поради што морав да се повлечам од случајот – вели Катарина Остојиќ и најавува дека отворено ќе зборува за тоа во петок во „Парови“.

-По пат на Фејсбук се допишував со Зоран и Зорица, исклучиво поради истрагата која ја водев. Смислив тактика како да го разрешам случајот и да проверам дали Зоран е навистина видовит. Му напишав дека можам да го однесам кај дервиш, кој ќе му каже кој ја убил Јелена – изјавила Катарина за српските медиуми.

Таа вели дека Зорица, мајката на Зоран никогаш не го оставала сам и секогаш му била верна поддршка. Повеќе детали останува да открие подоцна.

Top