четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 41 ново

Утре почнува индијанско лето

Овие денови му се радуваме на сонцето и топлите сончево денови. Убавото време се завршува токму денес, а периодот кој настапува се нарекува „индијанско лето“.

Но, тоа не значи крај на убавото време, туку напротив, пријатни и сончеви денови се пред нас.

Терминот „индијанско лето“ настанал во Америка некаде кон крајот на 18. век, па од тој перод наваму продолжува да се користи.

Според Американците овој израз има врска со Индијанците, а постои и верзија како настанал.

Во прашање е феноментот доцно лето, пропратено со утринска магла, убаво време и прекрасни бои, што било карактеристично за пределите каде биле населени исклучиво Индијанците.

Во нашите краишта, честопати по правата појава на есенскиот мраз се појавува топлотен бран кој носи температура, повисока од просечната за тој дел од годината.

Убавото и суво време, речиси без ветер и неретко проследено и со слаба утринска магла, може да трае од неколку дена, па сѐ до 2-3 недели.

 

Top