четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 33 ново

Нема веќе природно крзно кај „Гучи“

По „Армани“ и „Хуго Бос“, уште едно големо дизајнерско име се одлучи за хумана мода и отстапи од користење природно крзно во својот дизајн.

Организацијата The Human Society of the United States и меѓународната коалиција Fur Free Alliance, ја пренесоа информацијата дека модната куќа „Гучи“ објавила дека повеќе нема да користи животинско крзно во својот дизајн, почнувајќи од колекцијата за пролет-лето 2018.

Компанијата со овој чекор им се приклучи на дел од водечките светски брендови кои не имплементираат крзно во својот дизајн, меѓу кои се и Стела Мекартни и Net-A-Porter…

Воедно, „Гучи“ ќе се приклучи и на меѓународната програма Трговија без крзно, што станува се поактуелна во модната индустрија.

Top