сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

Фејсбук знае кога ќе се вљубите и кога ќе раскинете

Фејсбук најми група научници кои со години ги истражуваат романтичните односи на социјалните мрежи. Нивните достигнувања на полето на вештачката интелигенција им овозможија Фејсбук да предвиди кога некој ќе почне романтична врска, пишува веб порталот „Брајтсајд“.

Ова е прилично тешка задача, со оглед на тоа дека многу двојки јавно не ги соопштуваат романтичните односи. Но, фејсбук со време научил да ги чита сигналите.

Стручниот тим го проучувал однесувањето на оние луѓе кои јавно го објавувале својот статус и со помош на вештачката интелигенција слично однесување нашле и кај другите, дискретни двојки.

 

Top