понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Поранешен освојувач на Златната топка е новиот претседател на Либерија

Поранешниот најдобар фудбалер на светот и добитник на Златната топка во 1995 година Џорџ Веах стана претседател на Либерија.
Веа славеше на изборите и стана првиот фудбалер кој застанал на чело на некоја држава.

Поранешниот напаѓач, кој во својата богата кариера настапуваше за Монако, ПСЖ, Милан, Челзи, Манчестер Сити и Марсеј, во политиката е од 2005 година, кога основаше своја партија.

Во претходниот обид ја изгуби трката за претседателската функција, но сега успеа во тоа.

Веа прими бројни честитки, меѓу другите од Паоло Малдини и Арсен Венгер.

„Честитки до мојот поранешен играч Џорџ, кој стана претседател на Либерија. Не се случува често поранешен играч да стане шеф на држава. Се надевам дека и во претседателската функција ќе биде добар исто како што беше во фудбалот“, изјави Венгер, кој порано го тренираше Џорџ Веа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top