понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 52 ново

Стефан или Марко ќе се роди во февруари

Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер во февруари ќе го дочекаат своето прво синче, а славниот брачен пар сериозно размислува кое име да го избере.
И Ана и Бастијан имаат свои фаворити, но едно е сигурно, детето ќе се вика Стефан, Марко, Лука или Александар.
Ана и Бастијан се воодушевени што првото дете ќе им биде син. Таа навива да се вика Стефан, додека на Бастијан му се допаѓа името Марко. Во тесниот круг се имињата Александар и Лука, изјави изворот.

Бастијан најверојатно ќе се согласи со изборот на Ана, со оглед на тоа дека поради љубовта тој научи да зборува српски. Што значи дека во семејството ќе пристигне еден Стефан – додаде изворот за крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top