четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

Чиле се потруди да не замине на Мундијалот во Русија

Јужноамериканскиот првак да не добиеше три бода во дуелот против Боливија, сега ќе имаше еден повеќе од Перу и ќе беше во баражот за Мундијалот.
Чиле не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, откако заврши на шестото место на табелата со 26 бода, колку што има и Перу, но Перу е на петото место и е во баражот. Парадоксно е тоа што Чиле сам си направи да биде исфрлен од место за планетарниот собир, а еве и како се случи тоа.
Дуелот против Боливија заврши 1:1, а Чиле поднесе жалба до ФИФА поради тоа што за противникот играше дефанзивецот Нелсон Кабрера, кој е роден во Парагвај и не бил правилно регистриран за настап. Во ФИФА оценија дека Чиле правино се жали и додели службеда победа од 3:0. На тој начин Чиле наместо освоениот еден бод на теренот, доби плус два бода на „зелена маса“.

Е сега каде е киксот на Чиле. За жал за Алекси Санчез и неговите соиграчи, Боливија неколку дена претходно играше и против Перу и победи со 2:0. Но Перуанците кога видоа дека Чиле ја доби битката на „зелена маса“, решија и тие да се жалат поради настапот на Кабрера. ФИФА ја прифати и оваа жалба, па наместо победата од 2:0 на Боливија, Перу се радуваше на триумф од 3:0 и доби непланирани три бода.

Токму тие три бода се клучни за Перу да е на петото место, а Чиле да заврши на шестата позиција. Чиле доби само два бода од жалбата, а Перу си ќари три бода, кои се битни за освојување на петото место. Едноставно Чиле сам и се зезна со тоа што побара службеди бодови во дуелот со Боливија.

Top