четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

Максимов и е официјално е вардаровец

Македонскиот фудбалски првак Вардар ќе има големо засилување во нападот за дуелот со Шкендија, затоа што Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го регистрира Максим Максимов за дуелот со тетовчани.
Максимов чекаше дозвола за настап во црвено-црниот дрес од ФИФА, а откако ја доби, зелено светло има и од ФФМ. Во регистрациската комсија, од денес е заведен и Максимов, кој без никаков проблем во иднина ќе може да го носи Вардаровиот дрес во домашните натпреварувања, односно ПМФЛ и Купот на Македонија.
Рускиот голгетер се очекува да биде големо засилување за Јаневски во битката за домашните титули. Нападот беше најголема болка на првакот на претходните мечеви, но со Максимов се очекува сѐ да биде поинаку.
Дербито меѓу Вардар и Шкендија, кое ќе биде второ на програмата оваа сезона, се игра в сабота од 14.30 часот во Скопје. Претходниот дуел во Тетово кој се играше во рамки на првото коло од ПМФЛ, заврши со победа на тетовчани.

Top