понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 52 ново

Селекторот на Венецуела за скандалот во Парагвај: Во хотелот пристигнаа убави жени, и потоа…

Пред мечот, во хотелот каде што биле сместени гостинските играчи дожле неколку убави жени, но ни тие не успеале да ги деконцентрираат противниците
Парагвај е еден од најголемите губитници во квалификациите за пласман на СП 2018 гоодина. Во последното коло Парагвај мора[е да слави против аутсајдерот Венецуела и да остане во игра за Мундијалот. Сепак, наместо да победат, тие на крајот загубија и тоа пред своите навивачи.
На дуелот во Асунсао, Венецуела победи со голот даден во 84 минута. Селекторот на Венецуела, по средбата откри еден чуден детал.
-Пред мечот, во хотелот имавме неочекувани гости. Дојдоа неколку убави девојки. Парагвајците се обидоа да не подмитат. Тоа се стари стратегии, но иако одбрале убави девојки, немаше ништо. Сите играчи одолеаа на предизвикот и на крајот ги освоивме трите бода. Времињата се променија, фудбалот еволуираше“, рече селекторот на Венецуела, Рафаел Дудамел.
Наместо да загубеше, доколку Парагвај ги освоеше сите три бода, ќе беше сигурен на петото место на табелата и ќе беше во позиција да се бори за пласман во баражот, кој носи место на Мундијалот во Русија, следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top