сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

Зошто не треба да ги чувате тампоните во бањата, ниту во чантата

Иако е најлогично тампоните да се чуваат во бањата за да ни бидат најблиску кога ќе ни бидат најпотребни, сепак тоа не е добра идеја, тврди д-р Алиса Двек од Њујорк.

Таа објаснува дека тампоните во топлите и влажни бањи се погодна подлога за развој на мувла и бактерии кои понатаму може да предизвикаат вагинални инфекции. Подобра идеја е да ги чувате во плакарот на студено и суво место.

– Размислете, памукот е подложен за развој на бактерии и затоа е подобро тампоните да не се чуваат во влажно и топло опкружување – вели д-р Двек.

Таа опишува и што се случува кога во вагината ќе се стави еден ваков тампон. Вели дека тогаш може да се појави чешање и зголемен исцедок, бидејќи вагината се обидува да ја одржи својата природна pH вредност.

Д-р Двек додадва и дека жените би требало да бидат внимателни со носењето тампони на дното од чантата. Напоменува дека тампоните најчесто имаат рок на траење до 5 години од излегувањето од производниот погон и лесно може да се случи тоа време да помине, а за тоа воопшто да не сме свесни.

Исто така, тампоните може да се извалкаат од прашината која е честа во чантите, откако нивната заштитна обвивка ќе се оштети од работите кои се наоѓаат околу нив.

Top