четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 35 ново

САД го напуштаат УНЕСКО

Соединетите држави ја известиле организацијата УНЕСКО за истапувањето од нејзиното членство, соопшти во четвртокот американскиот Стејт департмент.

Вашингтон го објаснил овој чекор со заостанатата обврски за членаритена, неопходноста од реформирање на организацијата и „антиизраелските предрасуди“.

Одлуката ќе стапи на сила на 31-екември, додека САД ќе го задржат статусот набљудувач при организацијата.

Претседателката на УНЕСКО Ирина Бокова, изрази жалење поради одлуката на Вашингтон, за којашто ја известил државниот секратар Рекс Тилерсон. Таа рече дека соработката со САД била длабока и се потрпирала на основата на заедничките вредности.

САД поради истите причини и пред неколку години ја објавија ваквата намера, но таа се реализира сега.

Top