понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 53 ново

Младинките на Вардар jуниор ги победија сениорките

Младинките од Вардар јуниор го победија Вардар со 29 – 21 (14 – 11). Во салата во СЦ Кале јуниорките уште на почетокот од натпреварот направија разлика од 6 гола, која се покажа како тешко достижна. Додека јуниорките со леснотија нижеа голови, вардарки без успех се трудеа да го организираат нападот.
Работите се движеа бавно сѐ до моментот кога семафорот покажа 1-7 за Вардар jуниор. Потоа, девојките фатија ритам и разликата почна да се топи. Но, не успеаа да изедначат. Најблиску што стигнаа во првото полувреме беше 8-9 за Вардар jуниор, а на пауза заминаа со 11-14.

И во второ полувреме Вардар јуниор останаа фокусирани, и во одбраната и во нападот, наспроти нивниот противник кој даде отпор, но беше немоќен да пронајде успешно решение за одбрана. Натпреварот заврши со 29-21 за Вардар jуниор.

Вардар: Елена Бабунска, Елена Ивановска, Јована Софковска, Марија Таневска, Анастасија Нелоска 1, Викторија Сандева, Александра Коловска 3, Јована Величковска 2, Тамара Паланковска 2, Тамара Стојчева, Клара Трајковска, Ивана Блажевска, Ива Цветковска 1, Марија Костадиновска, Марија Гоцевска 8, Кети Ангеловска 4.

Вардар јуниор: Јована Трајкоска, Јана Арсовска, Катерина Дамјановска 3, Ана Изабел Гонзалес 1, Стефанија Ѓеорѓиевска 8, Јана Донева, Мирјана Петковска 4, Симона Грујовска, Стефани Софтовска 2, Магдалена Насковска, Ивана Шатевска, Ангела Костовиќ 4, Сара Миновска, Андреа Седлоска 4, Ана Марија Коларовска, Марија Галевска 3.

Саздовска, Лакрабер и Ристовска со двоцифрена реализација за нова „педесетка“ на Вардар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top