четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

Во ОИК на Зрновци и Чешиново-Облешево пристигнаа изборните материјали

Во Општинските изборачки комисии на Зрновци и Чешиново-Облешево пристигнаа доверливите изборни материјали.
Светлана Димитрова, претстедател на ОИК во Зрновци информира дека во оваа општина ќе се гласа на четири избирачки места, а вкупниот број на запишани граѓани со право на глас изнесува 2.628.
Добиени се изводи од Избирачкиот список за сите четири избирачки места, како и четири посебни изводи од Избирачкиот список за гласачи кои се иселени. Во ОИК Зрновци се прифатени девет барања за гласање на болни и изнемоштени лица кои своето право на глас ќе го остварат во своите домови.

Во општина Чешиново-Облешево, според изјавата на претседателката на ОИК Весна Ѓорева Малинова, ќе се гласа на 13 избирачки места, а своето право на глас треба да го остварат 5.695 гласачи. Добиени се изводи од Избирачкиот список за 13 избирачки места, како и 13 посебни изводи од Избирачкиот список за гласачи кои се иселени. Прифатени се 22 барања за гласање на болни изнемоштени лица во општина Чешиново Облешево. Тие ќе гласаат в сабота во своите домови.

Top