вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 131 ново

Милионерот со подморницата бил сериски убиец?

Истрагата околу мистериозната смрт на шведската новинарка Ким Вал на подморницата на данскиот ексцентричен научник Петер Мадсен се развива во една од најбизарните приказни на денешницата.

Откако пред неколку дена во торба во заливот Коге Беј, јужно од Копенхаген полицијата ја пронајде главата и ноете на убиената новинарка, почнува да се составува мозаикот околу нејзината мистериозна смрт. Но, не само околу нејзината, туку и смртта на цела низа други убиства на обезглавени жени.

Зад овие монструозни злосторства веројатно се крие ликот на генијалниот иноватор и бизнисмен со крајно патолошка карактерна структура.

Петер Мадсен (46) го славеше бизнисот и патуваше по светот со сопствената подморница која сам ја конструирал и ја изработил, а средствата ги собрал преку кампања. Ким Вал пред два месеци дојде да го интервјуира, како ексцентричен и интересен лик. Интервјуто беше во подморницата. Потоа таа исчезна.

Мадсен прво тврдеше дека по интервјуто таа ја напуштила подморницата, но набрзо нејзиното торзо беше пронајдено како плива во морето. Во меѓувреме, Мадсен ја потона подморницата, тврдејќи дека имала технички проблем. Се верува дека тој тоа го сторил за да ги уништи трагите на злосторството.

Втората верзија беше дека Вал настрадала во несреќа која се случила на подморницата, кога една врата ја удрила по глава, а тој го фрлил во море нејзиното тело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top