понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 56 ново

Две деца од градинката „Срничка“ во Аеродром заразени со коксаки вирус

Две деца кои ја посетувале градинката Срничка во објектот Штркче во скопската населба Аеродром заболеле од опасниот Коксаки вирус, дознава НОВА.
Децата од кои помалото посетувало јасли, викендов добиле симптоми карактеристични за овој вирус, а тоа се висока температура, се исипале по рацете, стапалата, нозете и околу устата.

Лекарот според клиничката слика утврдил дека се работи за Коксаки вирус, но очигледно случајот не го пријавил во Центарот за јавно здравје.

Top