среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 9 ново

Држава во која што можете да купите државјанство со биткоин

Островската држава  во Јужниот Пацифик, Вануату почнала да прифаќа биткоини како валута за купување државјанство, објави „Факултети“. Државјанството чини 200.000 долари, односно според моментната вредност на биткоинот, околу 4.830 долари, и треба да се платат 41,4 биткоини. Со тоа Вануату стана првата држава што прифаќа криптовалута за плаќање за државјанство.

Вануату е држава која спаѓа во Комонвелтот, па според тоа, со нејзиното државјанство може да се добие право за патување во 113 земји без визи, во кои спаѓаат и Обединетото Кралство, Русија и земјите-членки на Европската Унија.

Top