сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

Надал и Федерер во осминафиналето на Мастерсот во Шангај

Двајцата прворангирани тенисери на Мастерсот во Шангај Рафаел Надал (носител број 1) и Рожер Федерер (носител број 2) без поголеми проблеми се пласираа во четвртфиналето.
Надал со 2-0 во сетови (6:3 и 6:1 во гемови) го победи Фабио Фоњини, а Федерер против квалификантот Александр Долгополов одигра два гема повеќе и постигна победа од 2-0 во сетови (6:4 и 6:2).
Од осминафиналните мечеви кои досега завршија, во три сета се играше само дуелот меѓу Хуан Мартин Дел Потро и Александар Зверев. Победа од 2-1 во сетови постигна Дел Потро против третиот носител Зверев.

Пласман во четвртфиналето изборија уште: Марин Чилиќ, Григор Димитров, Алберт Рамос-Винолас и Ришар Гаске.

Top