понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 109 ново

Ново интернет лудило: Каква боја се патиките, сиво-сини или розево-бели?

По фустаните, чантите и костимите за капење, на интернет се појави нова општичка илузија која претставува експеримент од поинаков тип на перцепција на различни луѓе.

Корисничката на Фејсбук Никол Колтард објави фотографија од патиката на својата пријателка, со прашање која боја е.

Во разговорот веднаш се вклучија нејзините пријатели, а фотографијата брзо стана вирална и се прошири на другите социјални мрежи. За само 24 часа објавата имаше над 1.000 коментари.

Многумина сметаат дека се розово – бели, додека другите сметаат дека сиво – сини.

„Тврдам дека се светло розови со бели линии, а мојата пријателка ги гледа во сива и сина нијанса. Ве молам, кажете дека се розово – бели“, напиша Никол во описот од фотографијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top