среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 9 ново

Излезе првиот број на списанието за аудиовизуелни уметности „Линк“

Од печат излезе првиот број на списанието за аудиовизуелни уметности  „Линк“, издание на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска филмска, театарска и  танцова академија Скопје – Париз – Есен – Ротердам, како дел од меѓународните проекти и активности што Универзитетот ги покрена и организира по повод десетгодишнината од основањето.

-Идејната замисла на списанието е да се занимава со прашања и проблеми што произлегуваат од областа  на филмската, театарската, музичката и танцовата уметност, фузинирајќи ги во целина  од научен аспект. Со тоа се пополнува една празнина во културната, научната и образовна дејност во Република Македонија и се отвара поле  за аналитичко, компаративно, критичко , историско и теориско разгледување , со што всушност ќе се артикулира една научна рефлексија на областите што претставуваат предмет на изучување на студиските програми на Универзитетот – истакнува главниот уредникпроф. Д-р Александар Трајковски.

Тенденција  е позиционирање како списание со научно истражувачки карактер со импакт фактор во издавачката дејност за што е формирана и меѓународна редакција од еминетни уметнички и научни дејци од САД, Словачка, Франција, Германија, Бугарија, Романија и Македонија.

Во првиот број на списанието  е објавен есејот од  Јордан Плевнеш „Макрон, нова шанса за Европа и интеграцијата на Балканот во ЕУ“, преземен од француски „Монд“, потоа текстот на проф. Д-р Мишо Нетков – „Телевизијата како медиум во зачувување на исторкиско-културниот идентитет“,  на проф. Д-р Стефан Сидовски –  „Филмско уметничко дело“, на проф. Д-р Александар Трајковски -„Развојниот пат на филмската музика“, на  проф. Д-р Томислав Таневски – „Применета музика или функционална музика во филмот“, на проф. Д-р Љупчо Коцкаров – „Музиката во функција на интеркултурното образвание, на проф. Д-р Мимоза Рајл – „Македонскиот Хамлет“, на м-р Валентино Скендеровски –  „Популарната култура како место на отпор„ и на м-р Милчо Узунов – „Дистрибуција на видеосигнали“.

Top