понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 53 ново

Ана Ивановиќ и Бастијан одбраа српско име за својот син

Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан во февруари ќе го дочекаат своето прво синче, а славниот брачен пар сериозно размислува кое име да го избере.

И Ана и Бастијан имаат свои фаворити, но едно е сигурно, детето ќе има српско име.

Како изворот известува во тесен круг на имиња се Стефан, Марко, Лука и Александар.

Ана и Бастијан се воодушевени што првото дете ќе им биде син. Таа навива да се вика Стефан, додека на Бастијан му се допаѓа името Марко. Во тесниот круг се имињата Александар и Лука – изјави изворот.

Бастијан најверојатно ќе се согласи со изборот на Ана, со оглед на тоа дека поради љубовта тој научи да го зборува и српскиот јазик. Што значи дека во семејството ќе пристигне еден Стефан – додаде изворот за крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top