вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Седумгодшно девојче умрело во авион за Минхен!

Во авион на компанијата Емиратс во вторникот починало девојче старо само седум години.

Трагедијата се случила во авионот кој во 8.50 минути по локално време полетал од Дубаи за Минхен. Според изјавите на сведоците кои ги пренесува германскиот Билд, девојчето се онесвестило додека имало висока температура.

Девојчето кое летало со мајката, бабата, брат и сестра и за Германија се онесвестило после 45 минути лет.

Екипажот на авионот се обидувал да и помогне, но без успех.

Авионот на Емиратите потоа слетал во Кувајт, каде во авионот влегол лекар, но девојчето веќе било мртва. Сведоците за Билд опишале како мрвото девојче го изнеле од авион, а со неа било и нејзиното семејство.

Час и половина после слетувањето  во Кувајхт, авионот полетал кон Минхен, каде стигнал во попладневните часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top