понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 58 ново

Сомнително лице се крие во Конзулатот во Истанбул – Ердоган ги обвини САД

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека САД во својот конзулат во Истанбул кријат „сомнително лице“, кое е поврзано со исламскиот проповедник Фетлух Ѓулен, кого Анкара го обвинува за минатогодишниот обид за преврат.

Ердоган изјави и дека официјална Анкара останува на одлуката за запирање на издавањето туристички визи во САД, како одговор на прекинот за издавање американски визи во Турција.

Тој претходно го обвини американскиот амбасадор во заминување Џон Бас дека е виновен за спорот меѓу Анкара и Вашингтон, наведувајќи дека поради дипломатот САД ги жртвуваат односите со еден НАТО сојузник.

Поради апсењето на вработени во американските дипломатски мисии во Турција, Вашингтон пред неколку дена го запре издавањето визи, на што Анкара одговори со реципрочни мерки.

Top