среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 107 ново

Седум проблеми со кожата што можете да ги решите со помош на домати

Познато е дека доматите се многу корисен зеленчук. Изобилуваат со витамини и минерали, па ги ставаме во редот на најздрави зеленчуци, а има и одличен вкус, па со задоволство ги гледаме на својата трпеза. Но доматите можат и тоа како да помогнат и кога станува збор за убавината и за негата. Еве како:

1. Здрава маска за лице
Згмечете еден домат и едно авокадо, измешајте ги и ставете ги на лицето. Оставете ги да дејствуваат околу 20 минути, а потоа измијте се со вода.

2. Стеснување на порите
Земете лажица свеж сок од домати и три капки сок од лимета. Измешајте, а потоа со помош на памук исчистете го лицето со оваа смеса. Исплакнете после десет минути.

3. Ги ублажува акните и лузните 
Згмечете еден домат, нанесете го на проблематичното подрачје и оставете го 30 минути. По третманот, измијте се. Правете го ова во континуитет во текот на две недели.

4. Ослободете се од мрсната кожа
На ист начин како што ќе го решавате проблемот со акните. Во доматите има витамини Ц и А па добро делуваат на кожата. После третманот задолжително ставете хидратантна крема.

5. За изгореници
Кога следното лето ќе изгорите на сонце, помешајте домати со јогурт и нанесете ја смесата на оштетените делови од кожата. Веднаш ќе ви биде подобро.

6. За блескава кожа
Помешајте сок од домати со малку мед, па со добиената смеса истријте го лицето. Нека делува некоја минута, а потоа измијте се.

7. За сува кожа
Доматите им помагаат на оние со сува коса, како и на оние кои ги чеша кожата на главата. Откако ќе ја измиете косата со шампон, нанесете сок од домати на косата и на темето. Добро втријте и оставете да делува околу пет минути. Потоа измијте се по можност со ладна вода.

Top