четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

Минималната плата ќе доведе до укинување на исхраната на работниците за намалување на трошоците на работодавачите

Новата влада на СДСМ го донесе долго најавуваниот закон за минимална плата која беше  и една од главните мерки кои ги ветуваа пред парламентарните избори.  Имено, минималната плата е донесена  на ставка          12 .000 денари  и ова зголемување се однесува на сите работници односно ќе треба да биде исплатена и за вработените во кожарската,текстилната и индустријата за обувки

Прашање е колку овој закон е функционален и добро обмислен и најбитното прашање е како овој закон функционира во пракса.

На ова размислување даде Пеце Ристески- Претседател на синдикат на идустрија, енергетика и рударство на Македонија(СИЕР). Тој вели дека минималната плата не е износ кој се прима за работа со полно работно време туку повеќе се третира како социјална категорија.Тој смета доколку минималната плата не е заштитен износ на основна плата кој со закон се гарантира за работникот тогаш каква е смислата за нејзиното постоење. Законот предвидел дека во структурата на платата постојат и други елементи кои работникот може да ги оствари но и не мора а минималната плата веќе е дефинирана како основна плата.

Ристевски потенцира еден случај во новоизградените фабрики за делови во автомобилската индустрија каде постои автоматизирана линија која исфрла 300 парчиња на ден а ја контролираат 2 работници. Откако работодавецот утврдил дека 5 работници може да исфрлаат 500 парчиња со рачна работа ја исклучил машината. Нему му е подобро да плаќа 5 работници отколку 2 и не инвестира во дополнителни машини. Со ова вели Ристески работниците кои имаа договор на минимална плата работат по 28 дена и заработуваат со додатоците и до 50% повеќе без почитување на правото на дневен или неделен одмор. Ристески вели тогаш за каков нормиран учинок станува збор.Исто така потенцира дека при вакви ситуации треба да се размислува за решенија кои би значеле надминување на злоупотребите.

Според правилата овој закон нема да може да стапи во сила минимум до крај на јануари 2018 заради влијанието што може да го има  на локалните избори при што и  Државната комисија за спречување на корупција изрази негативно мислење што значи дека ниту граѓаните ниту фирмите ќе можат да ја користат оваа мерка до спомнатиот период.

Како што велат експертите овој закон на терен е неспороведлив заради фактот што ако работодавецот даде 12.000 нето плата како што предвидува законот  ќе треба да плати вкупно 17.800 денари бруто што излегува дека државата ќе даде максимум 2.000 денари помош но на  работодавецот му требаат додатни 5.800 денари( при што во оваа бројка не влегуваат дополнителните трошоци за посебно сметководство и друго трошоци за проектот). Експертите сметаат дека вака  како што се поставени пресметките нема таква компанија која би ја применила оваа мерка  затоа што би имало контра ефект. Имено, работодавецот од кога ќе исплати минимална плата субвенционирањето односно средствата од државата  ги добива минимум после 60 дена.

На прашање поставено на Пеце Ристески- Претседател на синдикат на идустрија, енергетика и рударство на Македонија(СИЕР) која е најнегативната страна на новиот закон за минимална плата Ристески изјави:

– Негативните карактеристики ги гледаме пред сé во тоа што минималната плата не се гледа како заштитна категорија, ниту пак како плата за наједноставен труд (по коефициент 1 од колективен договор). Тоа е слабост на целиот систем на плати воопшто. Има голем број работодавачи кои не ги ни разврстуваат работните места според сложеноста, туку сите договори ги склучуваат на минималната плата. Освен тоа, контролата врз работодавачите од страна на Инспекторатот е слаба карика. На пример, веќе имаме извесни сознанија дека одделни работодавачи најавуваат укинување на исхраната за работниците, како контра мерка за намалување на вкупните издатоци за работниците.

Работодавците мора да размислуваат за начини и мерки за подигање на продуктивноста и државата треба да го стимулира тој тренд. Имено, продуктивноста не се однесува само а мануелните вештини туку и на технолошкиот развој понови машини практики и know how за да се зголемува додадената вредност а со тоа и платите природно да растат.

Понатаму на Ристески на прашање дали работниците ќе имаат  реален бенефит од оваа мерка и дали  има ефекти на долг  тој образложува:

-Законот секако ќе го почувствуваат сите кои во моментов имаа плата пониска од 12.000 денари. За жал тоа не значи дека и другите плати автоматски ќе се покачат поради покачувањето на најниската. Какво влијание ќе има опширната регулатива за исполнување нормиран учинок рано е да се каже. Од досегашното искуство знаеме дека работниците мораа да одработат многу повеќе часови, без исплата на додаток за прекувремена работа, за да ја добијат минималната плата. За работодавачите секако дека ќе значи свесно покачување на трошоците, кои барем во одреден период има шанса да му ги надомести државата.“

Покрај горенаведените  недостатоци експертите велат дека друга негативност на овој закон е обврската работодавачот д го задржи вработениот за кој земал финансиска помош минимум една година со што вработениот нема да може да даде отказ или да биде отпуштен затоа што за тоа следуваат казни.

Додатно Ристески вели дека на,  работникот мора да му се овозможи и остварување на другите додатоци согласно закон и колективен договор: додаток за прекувремена, ноќна работа, за работа во празничен или ден на неделен одмор и сл.

То потенцира дека ако е учинокот неизбежно мерило, а работникот мора да го оствари во продолжено работно време, тогаш тоа мора да му носи барем додаток на плата по  основ на прекувремена работа, кога веќе не носи дел од плата за работна успешност.

Ако на ова прашање еднаш не се застане цврсто, Ристески вели  дека проблемот само  ќе се продлабочува. Тој ги спомнува и начините на заобиколување и директно кршење на законската регулатива, на штета на работникот и утврдените права од работен однос, кои се безмалку редовна пракса на работодавачите и кои ќе продолжат и понатаму неказнето да се применуваат.

„Почитувањето на донесената регулатива може да влијае на профитите, но во секој случај фазата на првобитна акумулација на капиталот еднаш мора да заврши. Со достојно вреднување на трудот (во крајна линија) поверојатно е дека работникот ќе биде повеќе мотивиран за остварување подобри резултати, што одново ќе влијае на пораст на профитите и многу поверојатно ќе создаде вин-вин атмосвера отколку грубите експлоататаорски односи“ потенцира Ристески.

Експертите сметаа дека овој закон има многу недостатоци  и е на штета и на работниците и на работодавците.

Top