четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 37 ново

Британски шпион и влегол на Шекеринска

„Неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, е кривичното дело, за кое МВР го сомничи 30 годишнитот државјанин К.Р.Џ, кој во понеделникот неволастено влегол во касарната „Илинден“, се движел низ неа и фотографирал.

Британецот бил приведен од полицијата, од каде што го однеле во Полициска станица – Карпош каде што бил испрашуван.

Од МВР, за „Република“ не откриваат дополнителни информации, освен дека по разговорот тој бил ослободен. Не објаснуваат ни во кои околности британскиот државјанин од Њукасал бил ослободен, ни дали е поднесена кривична пријава против него.

Објектот кој бил предмет на неовластено влегување е под надлежност на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, од чие министерство пак има целосен молк за скандалозниот случај.

 

Top