понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 52 ново

Пензионерите извисени – укинато покачувањето

Им ветија чуда, добија празен џеб. Во време кога Македонија влегува во рецесија и се зголемуваат трошоците за живот, Владата на СДСМ ги извиси пензионерите го укина зголемувањето на пензиите. Четири месеци по ред расте индексот на трошоците на живот во споредба со истиот период лани.

Индексот на трошоците на животот во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, бележи пораст од 1.7 отсто, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.1 процент, објави Државниот завод за статистика.

Ваквиот раст се бележи откако СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт.

Ова не е единствениот економски податок кој оди во негативен правец по доаѓањето на СДСМ на власт.

Трет месец последователно се бележи пад на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори со што е намалена конкурентноста на македонската економија.

Пред изборите СДСМ ветуваше зголемување на пензиите, а потоа само продолжи со своите лаги. Се обидоа со „извртена математика“, со менување на изјави, со погрешни пресметки и со манипулирање

Пред да дојде СДСМ на власт, пензионерите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ речиси секоја година добиваа по 670 денари месечно покачување. Сега, наместо покачување, СДСМ на пензионерите им “протнува“ порамнување од само 180 денари месечно.

Пензионерите уште минатиот месец реагираа на тоа што пензиите им останаа исти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top