понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Коневски: Саше Политико, новинарски натрапник ставен во служба на Заев и Марин

СДСМ упорно продолжува со својата црна кампања во пресрет на локалните избори.  Бегањето од дебати и испраќање новинарски натрапници, како Саше Политико, кои снимајќи со мобилни телефони ја нарушуваат приватноста на граѓаните, е јасен показател за нивото на култура кое го поседува сегашната власт во државата, на чело со нивниот премиер Зоран Заев и кандидадот за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на СДСМ, Златко Марин, напиша на својот фејсбук профил кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Аеродром, Ивица Коневски.

Според Коневски, бо предизборието СДСМ во Аеродром покажле тотална безидејност и неконструктивност, а нискиот рејтинг на нивниот кандидат, очајно се обидуваат да го прикријат со безочни лаги, манипулации и вакви провокации со новинарски натрапници, кои не демнеат пред нашите домови и снимаат со мобилни телефони.

-СДСМ и мојот противкандидат од таа партија се свесни за големиот пораз што ги очекува на 15 октомври. Откако не им успеаја сите досегашни обиди за мое лично оцрнување, како и за нарушување на угледот на институцијата со која раководам, почнаа да вплеткуваат и самопрогласени новинари, кои од петни жили, од само нивни разбирливи причини, се обидуваат да им помогнат во креирањето на црни сценарија, пишува Коневски.

 

Top