понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 58 ново

Коневски:Аеродром и Гази Баба ќе се поврзат со нов мост!

Предизборните активности за локалните избори влегуваат во своето финале. Актуелниот и кандидатот за уште еден градоначалнички мандат за Аеродром, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Ивица Коневски денеска промовираше нов проект за граѓаните од оваа општина.

-Од бројните проекти што ги предвидовме во предизборната програма за Општина Аеродром, денеска заедно со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, го промовиравме заедничкиот проект за изградба на мост преку реката Вардар од Спортскиот центар „Јане Сандански“ кон Општина Гази Баба, со што ќе се поврзат двете општини и во голема мера ќе се олесни движењето на граѓаните.
Како една од најбрзо растечките општини во градот, како што рече градоначалникот Трајановски, Аеродром има само два влеза и излеза кон центарот на Скопје (преку булеварите Кузман Јосифовски Питу и Трета македонска бригада), така што има потреба од уште едно поврзување преку булеварот „АСНОМ“, на кој ќе се гради овој капитален проект, односно новиот мост, кој ќе го намали сообраќајниот метеж.
Ова е уште еден доказ дека соработката со Градот Скопје и со градоначалникот Коце Трајановски е одлична и дава видливи резултати. Очекувам оваа соработка да продолжи и понатаму во интерес на жителите на општината.
Граѓаните го заслужуваат тоа. Аеродром мора да оди напред! Скопје мора да оди напред!-напиша на својот Фејсбук профил Коневски.

Top