недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Луфтханза ќе купи најголем дел од имотот на пропаднатиот Ер Берлин

Германскиот авиопревозник Луфтханза денеска најави дека ќе откупи поголем дел од имотот на банкротираниот некогашен конкурент Ер Берлин.

Како што јави германската новинската агенција ДПА, Ер Берлин ќе престане со работа до крајот на октомври. Компанијата, која беше втор најголем германски авиопревозник, имаше финансиски проблеми повеќе од една деценија.

Се очекува Луфтханза да ја откупи компанијата Ники, основана од Формула 1 асот Ники Лауда, која се спои со Ер Берлин во 2011 година. Луфтханза ќе ја купи и регионалната ЛГ Валтер авио компанија, која исто така е дел од Ер Берлин, како и дел од помалите авиони на Ер Берлин.

Истовремено компанијата Изиџет е во преговори со Ер Берлин да купи 30-ина од нејзините авиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top