недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

ДИК почна со распределба на изборниот материјал

Државната изборна комисија денеска почна со дистрибуција и примопредавање на доверливиот изборен материјал на општинските изборни комисии за локалните избори закажани за во недела.

За почетокот на активностите на караванот со изборен материјал во изјава за медиумите најавена за во девет часот изутрина во печатницата „Полиестердеј“ во Визбегово ќе информира потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца.

Согласно изборниот роковник, ДИК изборниот материјал го предава на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на ИО ( избирачките одбори).

Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши утре во 24 часот.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top