сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

Јадете киноа-вашето срце ќе ви биде благодарно

Постојат многу причини зошто треба често да посегнете по киноата, особено како оброк кој обезбедува мноштво хранливи материи за организмот.

Според Обединетите нации киноата  заслужено доби свое признание, прогласувајќи ја 2013-та година за Меѓународна година на киноа.

Консумирајќи барем половина чаша од оваа протеинска житарка на своето тело ќе му обезбедите  1,5% на калциум, 15% на магнезиум и 4,5% на калиум од потребните дневни количества.

Киноата во својот состав содржи високо корисни фитонутритиенти кои го штитат здравјето и заедно со високата содржина на магнезиум делува врз подобрувањето на циркулацијата,намалување на високиот крвен притисок и го намалува ризикот од кардивасклуарни заболувања.

Придобивка плус е тоа што таа се вари двојно помалку од времето што е потребно да се направи кафеав ориз, а не содржи глутен.

Извор: мама365

Top