вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 117 ново

Лепа Брена се мачи со болеста – потребно е мирување

Лепа Брена гостувајќи во емисија откри дека за нејзиниот живот се снима филм.

-Оваа година работиме на документарен филм, кој ќе открие многу работи за мене кои до сега не се знаеле, Филмот ќе се вика „Не дозволувај да те украдат од мене“ а ќе ја прикаже мојата кариера од 1982 до 1992 година- откри таа.

Пејачката открила дека и години наназад имала здравствени проблеми, но сега е добра.

-Скршив рака па морав да правам две операции, после шеест месец повторно паднав и на истата рака го искршив лактот, па пак морав да одам на операција. Одлучив малку да успорам зошто имам мака и со тромбозата, која бара од мене да мирувам, а јас сум сосема спротивно од тоа. Не смеете многу да се заморувате ниту да бидете во прегреани простории, но добро е да конзумирате по малку вино кое е добро за циркулација, рекла пејачката низ смеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top