недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Груевски: Во Делчево ќе направиме нов градски пазар, повеќе наменско игралиште, игралиште за кошарка како и нова детска градинка

Во 2006 во Делчево имаше само 3.700 вработени лица, а на крајот од 2016 година бројот на вработени лица изнесуваше 4.620 лица или околу 900 повеќе работни места во времето на ВМРО-ДПМНЕ вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на централниот митинг во Делчево.

-Ги реконструиравме регионалните патишта Делчево Македонска Каменица и Делчево Голак во должина од околу 18 километри и вредност од над 2,5 милиони евра, извршивме реконструкција на локалните патишта од Делчево до Братиславци, изградивме четири нови улици во населеното место „Ѕвегор“, а изградивме и крак од улицата „Видео Смилевски Бато“, каде изградивме и фекална канализација , извршивме реконструкција на водоводната мрежа долж улицата „Методија Митевски Брицо“, а го реконструиравме и главниот реонски довод за пиење вода за населбата „милково брдо“. Ги изградивме фекалните канализации во населените места „Вирче и Град“, ја довршивме фекалната канализација во „Гаврово“, а изградивме и колектор за отпадни води во населеното место „Ѕвегор“. Направивме санации на средното училиште „Методи Митевски Брицо“ и основното училиште „Свети Климент Охридски“, а во овие училишта направивме и нови спортски сали во вредност од 64 милиони денари, направивме реконструкција на кино салата во Делчево, изградивме два нови тениски терени, направивме доградба на детската градинка „Весели цветови“, во близина на автобуската станица направивме 38 станови за млади брачни двојки, инвалидизирани лица, самохрани родители, самци и други необезбедени лица, извршивме реконструкција на здравствениот дом Делчево инвестиција вредна над 4 милиони денари, а отворивме и специјализиран невролошки пункт каде што се опфатени пациенти од Делчево, Берово, Пехчево и други околни места, потенцираше Груевски.

Тој додава дека изградиле и мост на реката Желавица, а го санирале и училиштето на регионалниот пат Делчево –Берово кај село Стамер.

-Со ваша целосна поддршка и со истата љубов и посветеност како првиот ден, новата ера носи нов раст и развој на Делчево и општината работи за изградба на нова филтер станица за вода за пиење на браната Лошење, започнавме со реконструкција на регионалниот пат Македонска Каменица- Делчево, а во завршна фаза е регионалниот пат Бигла- Виница. Ќе го продолжиме процесот на поднесување на потребната урбанистичка документација за изградба на основна инфраструктура во индустриската зона Делчево и општината ќе започне постапка на планска документација за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Делчево, а планираме и изградба на нов градски пазар, ќе се реконструираат и училиштата и предвидуваме отворање на нова детска градинка во Милково Брдо, истакна Груевски.

Тој рече и дека ќе се изгради повеќе наменско игралиште и игралиште за кошарка, а ќе се направат и пешачки, велосипедски и трим патеки на планината Голак, а делчевската слива и вишна ќе се брендираат како и производите добиени од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top