понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 58 ново

Андоновска: Богоев сака да населува мигранти на Зајчев рид, Јакимовски сака да им помага на младите од Карпош

Теодора Андоновска на денешната панел дискусија на УМС ВМРО-ДПМНЕ порача дека младите се движечка сила во општеството и дека заслужуваат да бидат поттикнати, а не игнорирани како што е моменталната ситуација со владата на СДСМ.

Андоновска истакна дека моменталниот и иден градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски во неговите три мандата како градоначалник на општина Карпош има реализирано голем број на проекти за младите.

-Во новата програма младите повторно заземаат големо место младите со што нивните потреби ќе бидат повторно задоволени. Имено, младите во Карпош ќе добијат канцеларија за млади. По завршување на студиите или за времетраење на истите ќе имаат можност да се стекнат со практикантска обука односно практикантско искуство во фирми во општина Карпош со што материјата која што ја учат на факултети би им се доближило во праксата. Со овој проект би биле многу погоре рангирани на пазарот на трудот, потенцираше Андоновска.

Андоновска изјави дека како кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош се сретнала со голем број на млади луѓе и она што го слушнала како барање од младите биле проекти кои што веќе се наоѓале во програмата на Стевчо Јакимовски, и тоа едниот проект за возачките дозволи односно дел од трошоците ќе покрие општината Карпош, а другиот проект е платформи за паркирање на дел од општината Карпош.

Таа кажа дека СДСМ и Стефан Богоев имаат во план да населат мигранти на Зајчев рид во општина Карпош, а за разлика од тоа програмата на Стевчо Јакимовски опфаќа само проекти кои се однесуваат само за жителите на Карпош.

-Во програмата Стевчо Јакимовски нуди младите брачни двојки, жители на општина Карпош да се стекнат со имот, односно за цена од 350 евра да дојдат до свој сопствен дом изработен проект од општина Карпош со што нивниот станбен проблем ќе биде решен, рече Андоновска.

На крај Андоновска наброи неколку проекти кои што се во интерес на младите и ќе бидат реализирани. Тим патеката на крстот до Водно, пешачка патека до Етно селото во Горно Нерези, спортска рекреативна зона на кејот на реката Вардар, а дел од проектите се предвидени и за спортистите кои ќе добијат поддршка за успешна кариера а иста поддршка ќе има и за нивните клубови каде што тренираат.

Top