четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

„Новата ера“ нуди бесплатен здрав оброк за сите деца од прво до петто оделение, поголеми плати, пензии и субвенции

Политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија. Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од митингот во Берово.

-Новата ера на 150 илјади нови работни места во Македонија во наредната декада, односно пад на невработеноста под 10 проценти. Кога можевме да ја намалиме од без малку 40 проценти  на 22.6 проценти, како што можевме во минатата декада да ја зголемиме вработеноста од 560 илјади вработени на 733 илјади, значи бројот на вработени се зголеми за 173 илјади нови работни места, ќе можеме и наредната декада од да ја смалиме невработеноста од 22 проценти на 10 проценти и да отвориме најмалку 150 илјади нови работни места. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари просечно по глава на жител. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која ќе секоја општина во државата, вклучително и Берово учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште. Придобивките се повеќекратни, децата добиваат секојдневно здрава храна значајно за нивното здравје и создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот развој, но и ќе се оствари заштеда за родителите. Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно за едно дете или за цела учебна година околу 5.400 денари. Ако има две деца, заштедите се двојно поголеми.

Тој во Берово ги најави и новите проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Проект: Стекнување на сопствен дом

Овој проект е значаенм посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци, изјави Груевски.

Проектот ќе опфати:

Обезбедување на локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар.
Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:
– семејства со приход до 1 просечна нето плата во РМ (во моментов изнесува 22.670 денари месечно) – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.

– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати (од 22.670 до 45.340 денари месечно) – 75% ослободување од комуналии

– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати (од 45.340 до 68.010 денари месечно) – 50% ослободување од комуналии и

– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати (од 68.010 до 113.350 денари месечно) –  25% ослободување од комуналии

Општината ќе има обврска од сопствени средства да им обезбеди патна и комунална инфраструктура на граѓаните за овие локации.

Втората компонента на овој Проект се однесува за надградба на постоечки куќи. Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа.

Отпис на долгови за социјално загрозени семејства

Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонијa, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09. 2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, и тоа:

Приматели на социјална ипостојана парична помош (околу 35.000 лица).Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства коишто се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект.

Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година!

-Бидете сигурни. Владата е во голема паника. Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа  или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува со секој изминат ден. Намалени плати, пензии кои не растат, зголемени трошоци за живот.Овие луѓе од власта се неспособни, тие се неспособни, тие се практиканти без искуство и капацитет. Тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа. Тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја и план  што да направат во врска со тоа. Тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО”. Не го трошете вашето време, ова нема никаква смисла, изјави Гуревски.

Тој кажа дека тие се горд глас на оваа нација, дека се независен глас на Македонија, дека тие се Македонија.

-Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место. Наша цел е да го зголемиме квалитетот на животот и животниот стандард на нашите граѓанин. Колку и да тврдиме дека сакаме победа на локалните избори, ние пред се сакаме да ги освоиме срцата на луѓето. Сакаме да ги допреме нивните животи. Ние не ја поделивме или класифициравме Македонија како Исток или Запад, Север или Југ, додека ги реализиравме нашите проекти и услуги. Работевме за да се осигураме дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место. Нашата цел е да обезбедиме решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигне стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, за нашите пензионери да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги, изјави Груевски.

Тој кажа дека тие тие не бараат само победа за претстојните избори, тие размислуваат, им даваат приоритет на утрешните генерации.

-Ние размислуваме 10 години однапред, размислуваме 20 години однапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Ја имаме новата ера. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, изјави Груевски.

Top