среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Дали можете да ја отпеете најтешката караоке песна на светот?

Исланд секоја година бележи пораст на бројот на туристи, но не и такви кои го зборуваат јазикот на земјата-домаќин.
Ако земеме предвид дека само еден обичен вулкан на Исланд се вика Ејафјалајокул, тогаш не е ни чудно што туристите не можат ниту еден збор да изговорат како што треба на исландски. Сепак, тоа не ги обесхрабрува туристите да ја посетат оваа преубава земја, а со новиот промотивен спот за Исланд, можете да научите да го пеете најтешкото караоке на светот.

Песната ве води низ исландската азбука, поточно низ 32 букви од А до Ö, и учи како се вика појадок (morgunmatur) или базен (sundlaugar).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top