понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Одлуката за преполовување на капиталните инвестиции е политичка, молк зошто свесно се влезе во рецесија

Одлуката на Владата на СДСМ да ги преполови капиталните инвестиции е чисто политичка и со тоа свесно Македонија влезе во рецесија.

Премиерот Зоран Заев и Владата на СДСМ намерно ги стопираше сите капителни проекти кои веќе беа почнати и беа во фаза на градба поради тоа што тие беа почнати од ВМРО-ДПМНЕ. Идејата е тие да се стопираат сега, а по одреден период да се завршат и во јавноста да се претстават како проекти на СДСМ.

Жртви оваа политика на СДСМ се трите главни автопати, Кичево – Охрид, Демир Капија – Смоквица и Миладиновци – Штип.

СДСМ ја запре изградбата и за голем број градинки, Драмскиот театар во Скопје, театарот во Охрид, Универзалната Сала, но и други проекти. Владата засега не даде ниту една реална причина зошто овие проекти се стопирани, туку беа наоѓани банални причини за стопирањето.

Така на пример, Градежниот факултет потенцира дека нема пропусти во проектирањето на автопатот Кичево – Охрид.

Деканот на факултетот, Дарко Мославац за телевизијата Алфа изјави дека работата на тој автопат била добро завршена, но никој не можел да предвиди каде ќе се појават подземни води или други проблеми под тлото во ридско – планинско подрачје.

За ова во последниот период предупредува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Секојдневни активности да се запре или закочи или пак да се урне нешто создадено во времето на ВМРО. Се запреа трите автопатишта што се градеа, се запреа градби на училишта, на пример во Бутел училиштето, да почне градбата, парите обезбедни и сега нема градење. Зошто? „Затоа што тоа ВМРО го подготвило“.Секојдневни активности да се запре, да се закочи или пак урне нешто што го започнало ВМРО. Или рушење на оградата да правеле, се решија во државата уште оградата на Владата и остана. Па уште и планови, дебати – што ќе правеле со железото. Се друго се реши, се исповработија луѓето, земјоделците пресреќни, пензионерите добија повисоки пензии, се се заврши, уште оградата на Владата остана. И за тоа дебати се водат. Кој споменик на некој револуционер кој го дал животот за Македонија или во најмала рака го ризикувал животот за Македонија да му се тргне и да се срози. Со тоа се занимаваат, и тоа е помрачување, истакна Груевски.

Преполовувањето на капиталните инвестиции доведе до тоа Македонија да дојде до рецесија.

Животните трошоци растат, просечната плата паѓа, економијата е практично во рецесија. Македонија со најлоши статистички показатели на Балканот. Со рецесијата во која Заев и Владата ја втурнаа државата загрозен е и денарот.

Растат трошоците на живот. Се зголемиле за 1.7% во септември во однос на истиот месец лани. Најновите податоци на Државата статистика покажуваат дека најмногу поскапеле алкохолот и цигарите, за 6.7%, транспортот за 6.3% и комуникациите од 9.5%.

Од друга страна статистичарите измерија пад на просечната плата. Иако има благ раст на годишно ниво, таа во јули во однос на јуни била помала за 0.6%.

Сето ова е резултат на запирањето на вкупните економски активности во Македонија. Во првиот квартал имаше стагнација односно раст од 0%, а во вториот пад од 1.8%.

Додека сите соседи бележат економски раст, Македонија е практично во рецесија. Според економската теорија, една држава се смета дека влегла во рецесија, кога нејзината економија два квартала последователно бележи негативна стапка на раст.

Со ова земјава е на последно место во регионот според сите показатели. Според tradingeconomics.com, реномираната интернет страница чии податоци се базираат на официјални извори од статистичките заводи на 196 земји, и која вклучува повеќе од 20 милиони економски индикатори, Македонија е единствената земја во регионот, и воопшто во Европа,  која бележи пад на БДП во второто тримесечје од годинава.

Top