сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

Трагедија во Делчево: 2-годишно дете и неговите родители загинаа во судир на автомобил со камион (видео)

Вчера околу 15.30 часот на магистралниот пат А3 Делчево-Македонска Каменица на место викано „Лештаро“, атар на село Драмче, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „ТАМ 190“ со штипски регистарски ознаки управувано од П.Г.(56) од Штип и патничко моторно возило „Фиат Пунто“, со штипски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(32) од Делчево.

Во незгодата на лице место починале возачот Д.Д. и сопатниците Е.Д.(27) и двегодишно дете.

Увид е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.

Top