недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Хорор: Скопјанец со секира напаѓал луѓе по улица

Вистинска драма се одвивала синоќа во 18 часот на улицата Јордан Мијалков во Скопје кога 51-годишниот А.Д.цсо секира во рацете им се заканувал на случајни минувачи на улицата.

Полицијата информира дека во моментот кога 40-годишниот Б.Ч. го паркирал своето возилото, насилникот од Скопје со секирата се обидел да го повреди него и неговата сопруга која внатре била со нивното деветгодишно дете.

По интервенција на полициски службеници од Полициска станица Центар, А.Д. е совладан и приведен, извршено му е алкотестирање и констатирани се 1,78 промили на алкохол во крвта.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top