четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 43 ново

Експлозија на сплитска плажа, маж изврши самоубиство

Хрватската полиција денеска ја испразни познатата сплитска плажа „Обоена светлост“ откако добила телефонски повик од маж, кој изјавил дека има бомба и побарал да се отстранат луѓето во негова близина.

Полицијата веднаш потоа го евакуирала и блокирала подрачјето. Пристапот до плажата бил забранет. Според хрватските медиуми, мажот немал никакви барања, ниту бил заведен во полициската евиденција.

По повеќечасовните неуспешни преговори од страна на полицијата со мажот, на плажата вечерва одекнаа две експлозии. Полицијата, сепак, не успеала да го одврати мажот од намерата да изврши самоубиство.

– Засега можам само да потврдам дека се случи експлозија. Местото на инцидентот е блокирано и се врши истрага, изјави полициската службеничка Ана Чепиќ.

Идентитетот на мажот се уште не се открива.

Top