понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 53 ново

Бериша на Фејсбук: На границата меѓу Косово и Албанија, се криумчари со деца поради трговија со органи

Поранешниот албански премиер и претседател, Сали Бериша oбјави дека поседува информации дека „на границата меѓу Косово и Албанија“ во местото Кукс, се криумчари со деца помлади од 18 година, поради трговија со органи.

Бериша на неговиот Фејсбук профил напиша дека информациите ги добил од некој полицаец, кој од него побарал да помогне во спречување на дејствувањето на организираната криминална група, јави ТАНЈУГ.

„Вознемирувачка пријава! Полицаец пријави постоење на организирана група што криумчари со деца поради трансплатација на внатрешни органи. Го повикувам Обвинителството да покрене истрага“- наведе Бериша.

Потоа беше споделена информацијата што ја добил од полицаецот.

„Господине Бериша, јас сум полицаец на границата кај Кукс. Можете да спасите многу деца. На границата на Албанија со Косово криумчарат деца помлади од 18 година поради трансплатација на органи. Со фалсификувани изводи ги подмитуваат полицајците за 20.000 (околу 150 евра). Досега се шверцувани девет деца кои се киднапирани во сиромашни села. Те молам обелодени го ова и направи нешто“- стои во статусот.

Во Албанија, Бериша е жестоко критикуван затоа што објавил непроверени информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top